(Видео) Сека Алексиќ се пофали со кокошарникот во двор, чува десет кокошки и два петли

Српската пејачка Сека Алексиќ се пофали дека во нејзиниот дом во Стара Пазова чува кокошки и петли.

Во дворот од куќата била поставена куќа за овие животни, а најмногу за нив се израдувале нејзините синови Јаков и Јован.

Сека кокошарникот го доби на подарок од сопругот Вељко, а гостувајќи во една емисија открила дека тоа е обичен кокошарник, но немале време да го склопат, па повикале луѓекои го направиле тоа.

„Мислам има десет кокошки и 2 петли. Но, размислував кога веќе земав десет кокошки, можеби  2 петли се малку“, изјавила пејачката.

Таа откри дека ги сака животните, посебно домашните, кои исто така ги сакаат и децата.

„Мислам дека децата треба да се воспитуваат и да се учат на се, па кога ќе пораснат нека одлучат што ќе прават и каде ќе одат“, кажа пејачката.

 

 





		
		
			
Scroll to Top