Северина (52) сподели фотографија на Инстаграм и ги воодушеви своите фанови. Минатата ноќ беше слатко во Слано“, напиша таа во описот на објавата. Во саботата пејачката настапи во Слано.
Таа објави три фотографии, на првите две позира пред огледало, додека на последната седи на фотелја, а нејзиниот аутфит им се допадна на многумина. Со маичката на пруги таа облече кратки црни шорцеви, а целиот аутфит го комплетираше со патики и бели чорапи.
„Секој ден си се поубава“, „Најјака маица“, „Оваа жена изгледа како да има 20 години, неверојатно“, „Икона“, „Дали некој знае од каде е оваа маичка?“, се само дел од коментарите на фановите. Објавата има над 30.000 лајкови.