Северина на Денот на вљубените настапи во спортската сала во Истра, а на Инстаграм објави дека за време на настапот им испратила порака на српските студенти.
„Поддршка од Истра за студентите во Србија, кои се борат за слобода… Затоа што не се откажуваат, бидејќи љубовта раѓа херои“, се вели во описот на видеото.
„За нас е убаво, но има некои млади луѓе кои се борат за слобода во својата земја. Ве замолувам да дадете голем аплауз за српските студенти“, рече таа, по што следеше силен аплауз од публиката.
„Ова е песна за нив“, рече таа.