Српската пејачка Марија Шерифовиќ во интервју зборува за односот со нејзиниот татко, откако тој еден период излегуваше во јавноста и со погрдни зборови ја напаѓаше Шерифовиќ. Во една прилика тој изјави дека пејачката е алчна на која само парите и биле во глава, што дури признала дека е лезбејка само за да земе пари.
Потоа пак за медиумите тој изјавувал дека Марија денес му го плаќа станот, му помага да преживее и му дава пари.
Марија е ќерка на пејачката Верица Шерифовиќ и хармоникашот Рајко Шерифовиќ. Нејзината мајка Верица со години не е во добри односи со него и сеуште водат судски спор околу имот во Крагуевац.
Пејачката првпат во интервју за емисијата „На терапија“ зборуваше за односот со татко ѝ Рајко, па рече дека тие редовно се гледаат и дека сега се во добри односи.
„Рајко направи многу проблеми во животот и јас за сѐ му простив затоа што тој прво ми е татко, родителите не можеме да ги бираме, воопшто не сакам да ги менувам. Верица да се обидеше да има дете со некој доктор или пилот, сигурно немаше да се родам јас, туку некој малку понормален, малку повообичаен и тоа сигурно би било здодевно и не би имала толку добар слух“, раскажала Шерифовиќ.
Искрено зборувала за разводот на нејзините родители и како го преживеала. Според Марија кога постојат недоразбирања во бракот и во заедницата, најдобро решение е разделбата или разводот, особено ако имате дете.
„Можеби не е лесно за егото, за суетата и за разноразните лудости што сите ги имаме во главата, но за детето тоа е најздраво“, рекла пејачката.
Марија открила дека од 16 години посетува психолог, со кого разговара и денес и дека таа е личноста што најдобро ја познава. Таа признава дека воопшто не се сеќава на голем дел од училиштните денови.
„Тоа беше еден убав период, ако одземеме некои проблеми, тоа беше убав период, имав одличен однос со професорите, со другарите, со кумот. Севкупно имам убави спомени од Крагуевац и од луѓето таму. Вистина е дека таму некаде длабоко се кријат некои лоши работи, да речеме трауми, но нема потреба да копаме по нив. Тоа за мене е едно поглавје кое е такво, не можев да учествувам, не можев да сменам, не можев ништо, ајде да продолжиме понатаму, оставете ме на мир, продолжувам со својот живот и тоа е тоа“, вели Марија.