Српската пејачка Теодора Џехверовиќ изминатиов викенд настапи во една штипска дискотека, каде што доживеа една непријатна ситуација. Едно момче од публиката се доближи до бината и почна да ѝ ја бакнува ногата среде настап. Таа го сподели видеото на социјалните мрежи.
„Внимателно изгледајте го видеото“, напиша таа.
А подоцна на својата приказна допиша: „Јас ни сега не знам што да кажам, шокирана сум“.