(Видео) Спектакл на Марија Шерифовиќ на празниот стадион на „Партизан“ во Белград

Балканската ѕвезда Марија Шерифовиќ вчера одржа концерт на празниот стадион на „Партизан“ во Белград. Концертот во живо го гледаа преку 60.000 луѓе, преку апликацијата Youbox. Пејачката за концертот се подготвуваше неколку дена и претходно на стадионот имаше неколку проби со својот бенд.

„Добив многу пораки, поддршка од фановите, но ми пишуваа и девојки што порачуваа љубовни песни за да им ги посветат на бившите дечковци. А јас бев искрена и им кажав дека никогаш не би пеела за некоја поранешна љубов“, рече евровизиската победничка и членка на жирито на „Гранд“.

Во текот на концертот Марија доживеа неколку изненадувања – дојдоа неколку нејзини пријатели со нивните деца, но на дистанца, а на теренот истрча и нејзиниот миленик, кучето Хак, кое носеше напишана порака „Мислиш ли дека ова можеше да помине без мене?“

Марија пеееше повеќе од еден час.

Scroll to Top