Српската пејачка и поранешна учесничка во реалното шоу „Фарма“, Душица Грбовиќ била исфрлена од финалето на „Австралија Опен“, на кое играа Новак Ѓоковиќ и Доминик Тим. Грбовиќ била премногу гласна па обезбедувањето морало да реагира и да ја отстрани од трибините.
„Бев културен навивач и толку години го следам Новак Ѓоковиќ. Сакав само да бидам дел од финалето. Кога го Ѓоковиќ го победи Федерер, купив влезници за да го гледам финалето. Но, ми се случи инцидент. Влетав во екипа која навиваше за Доминик и некој ме пријавил. Дојдоа луѓе кои ме исфрлија“, изјавила Душица, на која и било изречена мерка забрана за влез во Арената на две недели.
„Ми пријдоа и ми кажаа да бидам тивка, но им објаснив дека јас секогаш сум страсен навивач особено кога игра некој од мојата земја. Но, ги имаше многу повеќе фанови на Доминик, па една жена повика полиција. Јас не сум доживеала полиција да ме извади надвор пред крајот на мечот и да ми кажат дека не е во ред што сум гласна“, раскажала Грбовиќ за медиумите.
Ѓоковиќ по седми пат го победи Австриецот кој има четири победи против Србинот. Ѓоковиќ сега има 17 титули на Грен Слем турнирите.