(Видео) Српски медиуми: Никола Јокиќ и неговата сопруга Наталија го очекуваат второто дете

Според српските медиуми, НБА ѕвездата Никола Јокиќ и неговата сопруга Наталија го очекуваат своето второ дете.

Двојката претходно ја доби ќерката Огњена, која се роди во 2021 година, а како што пишува српски Мондо, Наталија Јокиќ сега била видена со труднички стомак додека таа и нејзиниот сопруг биле на трки на коњи во Сомбор, каде што пристигнале по завршувањето на НБА сезоната.

Со оглед на тоа дека Јокиќ го крие приватниот живот од јавноста, треба да се нагласи дека вестите за бременоста на Наталија засега се само шпекулации.

Инаку, Никола и Наталија се познаваат уште од средношколските денови. Отпрвин биле само пријатели, а потоа Наталија заминала во Америка да студира. Никола неколку пати за медиумите изјави дека Наталија првично го гледала само како пријател, но тоа набрзо се променило.

„Ми се допадна веднаш кога ја видов, но тоа не и го кажав, се дружевме следните шест месеци, можеби и подолго време“, рече тој.

Јокиќ набрзо ѝ се придружил во Америка поради ангажманот во Денвер Нагетс, а заедно се од 2013 година. Се венчаа пред 2020 година во Сомбор, родниот град на славниот кошаркар, а една година подоцна ја добија ќерката Огњена.

Scroll to Top