Душко кој најави дека ќе се разведе од Карлеуша, по скандалот со Врањеш, целосно им се посветил на тренинзите и по месец дена повторно се врати во составот на тимот „Гванжуа“ воден од тренерот и поранешен југословенски капитен Пикси.
Сепак на крајот тимот на Душко беше поразен со 5:1 од „Џингс“.
Тошиќ и Карлеуша повеќе не се следат на „Инстаграм“
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ по нивната разделба, престанаа да се следат и на социјалната мрежа „Инстаграм“. Прв на ваков чекор се решил фудбалерот кој во моментов се наоѓа во Кина, а веднаш потоа со иста мера возврати и српската пејачка.
Јелена и Душко се најдоа во центарот на скандалот на почетокот на оваа година, кога во јавноста се појави приказна дека пејачката наводно имала афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Душко остана со Јелена во најтешките денови кога таа остана без нејзината мајка Дивна.