(Видео) Цела арена ја пееше роденденската песна на мајката на Ѓоковиќ на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и го честиташе роденденот на неговата мајка Дијана на Австралија опен.

„Сакам да му го честитам роденднот на мојот физиотерапевт кој не е присутен таму, но и на неговата мајка, кој и беше вчера. Мојата мајка е тука. Те сакам, мамо“, рече Ѓоковиќ додека со рацете покажуваше срце, па публиката почна самоиницијативно да пее „Хепи брдеј“.

Инаку Ноле денеска го победи Рублев и се пласираше во полуфиналето на АО.

Scroll to Top