Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ годинава славеа Аранѓел. Секоја година нивниот дом е полн со луѓе, а оваа година меѓу гостите беа Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јована, Кеба и Саша Поповиќ.
Главен мајстор за храната бил најмладиот член во семејството Живоиновиќ, Виктор, додека за атмосферата задолжена домаќинката Брена.
Виктор на својот Инстаграм профил објавил видео во кое ја уловил одличната атмосфера и уживањето на гостите во моментите кога Брена го земала микрофонот и почнала да пее.