Фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ Цеца, ќе стане баба по вторпат. Син ѝ Вељко со сопругата Богдана го чекаат своето второ дете.
Богдана која е во третиот месец од бременоста на „Инстаграм“ откри дека чекаат син. Вељко сподели и видео на кое со стрела погоди балон, наполнет со сина боја.
„Со Божја помош за шест месеци доаѓа Крстан Ражнатовиќ. Им благодарам на Господ и на мојата најдобра жена“, рече Вељко.
За потсетување, Вељко и Богдана веќе имаат еден син Жељко.
View this post on Instagram