Деновиве главна тема во медиумите е новото момче на Цеца Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ. Секојдневно во српските медиуми има новости за љубовниот живот на фолк-ѕвездата и нејзиниот нов партнер.
„Папарацо лов“ ја следеше Ражнатовиќ од нејзиниот дом на Дедиње, од каде што фолк-ѕвездата се упати во Крагуевац. Го посети домот на таткото на својот дечко, Милош Срејовиќ, кој е познат спортист. Поводот беше славата свети Јован, која ја слави семејството на Богдан.