(Видео) Цеца никогаш не пуштила ниту еден новинар да го слика нејзиниот дом, сега конeчно изненади со раскошот на Дедиње

Куќата на фолк пејачката Цеца  Ражњатовиќ е вистинска туристичка атракција пишуваат медиумите. Сите знаат каде се наоѓа, но, малкумина имале можност да видат од внатре.

Таа живее на Дедиње, а нејзната вила е опкружена со големи ѕидови. Приватноста и е осигурана и никој не може да влезе и да види што се случува внатре.

Едно време внатре имало слаткарница пишуваат медиумите, која ја држел нејзиниот поранешен сопруг Аркан. Таа е сега затворена. Пред свадбата на синот Вељко, Цеца го реновирала и влезот во дворот, каде сега има висока црна капија, со златната буква Р на средина и ја означува првата буква од презимето.

Покрај Цеца во куќата живеат и  Вељко со сопругата Богдана и внукот, ќерката Анастасија, како и нејзината сестра Лидија со сопругот и децата. Куќата е голема и има место за сите. На врвот на вилата има затворен базен, кој семејството го користи во текот на целата година.

Цеца го користела и за фотографирање на некои модни едиторијали. За време на кариерата таа никогаш не пуштила новинари во нејзиниот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Понекогаш за некои важни настани сликала некои од собите, но, никогаш не ги покажала детално. Цеца и Анастасија сега објавија некои кратки видеа и фотографии од нивниот дом и како го средиле.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Вилата има неколку ката, скали направени од мермер, ограда од бакар и високи мермерни столбови. Пејачката секогаш водела сметка за секој детал, па во нејзиниот дом се наоѓаат и вредни уметнички слики и ситници како што се рамки со фотографии, свеќници и други работи.

Целата куќа е опремена со стилски мебел, а боите кои доминираат се златната и бакар. Анастасија често умее да ги покаже своите омилени соби. Цеца откри дека еднаш добила понуда нејзиниот дом да стане туристички место, но, одбила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

За потсетување таа важи за една од најпопуларните пејачки во регионот и пошироко, а зад себе има преку 30 години кариера и хитови. Во брак беше со Жељко Ражнатовиќ Аркан, со кого ги доби синот Вељко, кој се занимава со бокс и ќерката Анастасија, која исто така е пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Scroll to Top