(Видео) Цеца заглавена во колона на пат кон Македонија – излезе од автомобилот и правеше вежби на улица

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ со автомобил тргнала на настап во Македонија и влегла во огромна толпа, па во еден момент излегла од возилото кога е снимено видеото.

Имено, во видеото објавено на нејзиниот Тик Ток профил, Цеца ја гледаме во опуштено издание – бела маичка, фармерки и влечки. Косата ја носи крената во пунџа, а на лицето има очила за сонце и е видно расположена, пишува „Блиц“.

@cecaraznatovicoff TRENING SA CECOM! 🏋️‍♀️😂❤️ #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkantiktok ♬ original sound – CECA

– Кои се најдобрите совети за истегнување кога има вакви колони – ја прашал мажот Цеца, која веднаш демонстрирала што да правите ако се заглавите во редица.

– Се наведнуваш, 20-30 повторувања додека не се исправиш. Без чучњеви. Имам платформа, не е стабилна, а имам и публика овде – рече Цеца и додаде:

– Не можеме ниту напред ниту назад – додаде Цеца.

Фановите ја искористија можноста да се сликаат со фолк ѕвездата додека чекаа на граничниот премин.

– И секако најмалку 20 серии слики – пишува на видеото.

 

Scroll to Top