Турскиот актер Џан Јаман ја побара за жена својата девојка, спортската новинарка Дилета Леота, со која е кратко време во љубовна врска. Џан ја испиша понудата на транспарент, кој се вееше од задниот дел на авионот, кој леташе над Рим неколку часа.
На Денот на вљубените, додека двајцата беа во италијанскиот ресторан „Торе Нормана“ во Рим, над ресторанот прелета авион со транспарентот: „Дилета, ќе се омажиш ли за мене? Те сакам, Џан“.
View this post on Instagram
Турските медиуми ја споделија и првата фотографија од свршеничкиот прстен на Леота и објавија дека чини 40.000 евра. Двојката планира да ја организира својата венчавка на Сицилија, родното место на Леота.
Некои од тамошните медиуми објавија дека, иако се кратко време заедно, избрзаната понуда за брак е затоа што Дилета е бремена.
Јаман, кој во Италија склучи договор со една од водечките продуцентски куќи, ќе има улога во серијата наречена „Сандокан“. Во серијата од 10 епизоди славниот актер ќе добие 100 илјади евра од епизода.
Дилета Леота, која како спортски новинар работи долго време, претходно беше во врска со напаѓачот на Милан, фудбалерот Златан Ибрахимовиќ.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram