Музичката двојка Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се најде во центарот на вниманието на медиумската јавност по информациите дека се разведува.
Се шпекулираа голем број причини, а турските медиуми за ваквиот крах ја обвинија пејачката.
Главната причина за распадот на нивниот брак наводно се парите, наведува турскиот магазин. Како што тврдат медиумите, Емина секоја година голем дел од парите трошела на уредување на семејниот дом во Нови Пазар.
Во текстот во магазинот се наведува дека Емина последен пат потрошила 500.000 евра и дека во куќата направила спа, како и големо игралиште за деца со базен.
Тврдат дека Мустафа не сакал повеќе да ги плаќа енормните трошоци на својата сопруга и дека тоа е причината за нивниот развод, а дека Емина веднаш потоа се вратила во луксузниот дом во Србија.
Се наведува дека нејзината куќа по сите реновирања е најскапа во Нови Пазар и дека е 10 пати поскапа од недвижностите што се наоѓаат во тој крај.
Видете што сѐ Емина работи додека сите други пишуваат за неа.