(Видео) Вилијам Болдвин и Ерик Робертс глумат во новото продолжение на „Јужен ветер – На граница“

Филмскиот проект „Јужен ветер“ ќе има нови 12 епизоди од телевизиската серија „На граница“.

Непредвидлив заплет, снимање во неколку европски земји, најголеми светски и српски актерски ѕвезди, вака филмската екипа ја опишуваат ги опишува новите епизоди.

По 100 дена од снимањето, авторот и актерската екипа го споделија првиот тизер од серијата, чија премиера во Србија ќе биде од февруари 2023 година. Во своето продолжение, „Јужен ветер – На граница“, креаторот на серијата Милош Аврамовиќ и сценаристот Петр Михајловиќ, се занимава со борбата на светските сили – Русија, Америка и Европа, криминалните врски и корупцијата, конфликтните интереси, во чиј центар е Србија.

Снимено е на локација во Србија, Хрватска и Русија, како и на границите на Италија и Финска, и се следи водачот на српското подземје, наркобосот Петар Мараш, чиј бизнис сè повеќе го загрозува неговото постоење.

Меѓународната актерска екипа ја сочинуваат холивудски и руски ѕвезди Вилијам Болдвин и Ерик Робертс, како и Оксана Акиншина и Алексеј Гусков, заедно со веќе добро познатиот Италијанец Пасквал Еспосито, додека локалните актерски ѕвезди ги предводат Милош Биковиќ, Миодраг Радоњиќ, Мики Манојловиќ, Јована Стојиљковиќ, Александар Берчек, Богдан Диклиќ, Милица Гојковиќ, Тамара Крцуновиќ, Андрија Кузмановиќ и Стефан Капичиќ.

 

Scroll to Top