Веста за смртта на Ѓорѓе Балашевиќ го погоди целиот регион. Многумина тагуваат поради смртта на прочуениот контавтор и се потсетуваат на неговите најголеми хитови, најдобри цитати и сите интресни приказни кои го следеа неговиот живот и големата кариера.
Во Нови Сад, пред неговата куќа и на Плоштадот на слободата, се собраа голем број луѓе. Сите кои ја почитуваат неговата музика, пријателите и комшиите дојдоа да се простат од него. Фанови има од сите возрасти. Се палат свеќи во негова чест и положуваат букети. Медиумите пишуваат дека на плоштадот има околу 600 луѓе, кои му оддаваат почит на Балашевиќ.
— Srđan Trivić (@thetrivke) February 19, 2021