Петар Грашо пред неколку дена беше специјален гостин на свадбата на пејачот Дарко Лазиќ и за првиот танц ја отпеа песната „Јел ти река ко“.
Не е невообичаено песните на Грашо да се избираат за првиот танц на свадбите, но сега станува сè попопуларно паровите да го бараат Грашо да ја изведе песната во живо.
Тој на свадбата останал околу 10 минути, колку што трае отприлика првиот танц. Извор од музичката индустрија за „Слободна Далмација“ наведува дека пејачот не настапува премногу на приватни веселби, а сака да доаѓа на свадби и да им пее една или две песни на младенците по договор. Тој ангажман чини од 2.000 евра па нагоре.