Дваесет и едногодишната претставничка од Неготино Љупка Арсовска синоќа настапи во „Ѕвездите на Гранд. Она што остави впечаток е реакцијата на жирито, кое почна да вика и да се кара, па мораше да интервенира и директорот Саша Поповиќ.
Додека Цеца коментираше, од страна истовремено зборуваа и Босанац и Марија Шерифовиќ.
„Заќути жено, да кажам и јас една реченица“ ѝ рече Цеца на Шерифовиќ.
За потсетување, Љупка синоќа настапи со песните „Дојди“ и „Фаворито“, а настапот ѝ се допадна само на Ана Бекута, која ќе биде нејзина менторка. Шерифовиќ и Босанац рекоа дека не сакаат да ѝ го дадат својот глас, затоа што не им се допаднал нејзиниот настап.