(Видео) Жељко Јоксимовиќ објави нова песна

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ ја објави новата песна „Менувај песна“, која премиерно ќе ја изведе на концертот „Два света“ во Белград на 3 декември.

Станува збор за песна што има носталгичен призвук, а потсетува на хитовите од 80-тите години. Како што и самиот Јоксимовиќ вели, сакал да ја промени малку својата музика со нешто поинаква мелодија и да ја изненади публиката.

„Немав многу време да ја променам целата плоча, но ја променив песната. Тоа е доволно. Менувањето на песната е нешто најубаво што сум го искомпонирал во последните неколку години. Ваква музика повеќе никој не снима. Но, ќе може да ја слушнете во декември во ‘Сава центарот’“, изјавил Јоксимовиќ.

Текстот за песната го напиша Вјекослава Хулијиќ, која е авторка и на песната „Милиметар“, која стигна до 50 милиони прегледи на „Јутјуб“. Музиката и аранжманот се на самиот Жељко Јоксимовиќ.

 

Scroll to Top