Обвинителството во Белград закажа на 16 октомври сослушување на првите сведоци во истрагата против Зоран Марјановиќ.
Повик за сведочење е упатен за Теодора Крсмановиќ братучетка на Јелена, како и за таткото и браќата на Зоран Марјановиќ.
“Опасноста од влијание врз сведоците е отстранета, а скандалозно е што сослушувањето на сведокот е закажано еден месец по апсењето на осомничениот, бидејќи властите имаат обврска да дејствуваат во посебна итност”, рече адвокатскиот тим на Марјановиќ.