Владо Георгиев оваа сабота во Херклеја

Еден од најпознатите српски пејачи и кантавтори Владо Георгиев оваа сабота ќе одржи голем солистички концерт во Хераклеја. По шест години од последниот концерт во Битола, ирганнизаторите најавуваат незаборавна музичка вечер исполнета со емоции и романтика со безвременските хитови „Andjele“, „Jedina“, „Sve si mi ti“, „Zbogom ljubavi“, „Iskreno“, „Žena Bez Imena“ и уште многу други.

„Драга Господо, по шест години повторно ќе ја имам честа и задоволството да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја, на место кое зрачи со неопислива енергија и каде секој пат се чувствувам како да сум во некое друго време. Битола, секако е прекрасен град и луѓе, како и цела Македонија воопшто, секогаш го правеле секој концерт магичен, а тоа го очекувам и овој пат. „Господски во Хераклеја“ – Битола – 16 август – Ве очекувам, драга Господо.” – им порача Георгиев на битолчани.

Влезниците се во продажба на ddtickets.rs и на штандот на Широк сокак лоциран кај Portal Cafè.

Scroll to Top