Внукот ме заборави како изгледам, Цеца се пожали оти била многу зафатена

Фолк пејачката Цеца откри дека нејзиното семејство најмногу трпи поради секојдневните обврски. Покрај работата со кандидатите во „Ѕвездите на Гранд, Цеца е посветена и на своите концерти и настапи. Презафатена е со обврски, а како што откри во „Цеца шоу“ не се сеќава да го видела внукот Жељко.

“Не сум го виделa Жељко, не се сеќавам од кога, детето ќе оди на училиште, ќе заборави како изгледам. Немам време, немам време. Ја снимав „Ѕвездите на Гранда, имав концерти, нон-стоп сум на пат“, вели таа Цеца и додава : „Од снимање одам на снимање, па на концерти. Кога имам многу обврски најмногу страдаат моето семејство и пријателите, а исто така многу ми недостигаат“.

Scroll to Top