Внуците на Цеца можеле да настрадаат при нападот на вандалите

Внуците на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ биле во семејната куќа за време на нападот што се случи на 30 септември.

Во моментите кога напаѓачите со автомобил „мини купер“ и со уште едно возило караван удирале во портата, над влезот на куќата се наоѓала просторијата во која престојувале близнаците на Лидија, сестрата на Цеца.

„Во моментот кога се одигра целиот настан и кога во куќата почнаа да удираат со возилата, во детската соба над вратата преку која се обидоа да влезат беа сместени децата на сестрата на Цеца. Тие во тоа време беа будни и се подготвуваа за излет надвор од Белград“, наведува извор близок до семејството на пејачката.

„Децата биле уплашени и истраумазирани од тоа што се случи. Во моментот не знаеле за што се работи. Биле многу исплашени. Во случај да дошло до рушење на столбовите, нивната соба во истиот тој момент би се срушила“, објаснува изворот.

Напаѓачите сè уште се во бегство, а безбедносните камери го снимиле нападот, кој траел дваесетина минути. По инцидентот, напаѓачите побегнале во непознат правец.

Цеца во саботата се вратила од настап во Шведска. Денот го минала со семејството и сè било во најдобар ред. Не излегла од семејниот дом и сите освен нејзиниот син Вељко, кој е на подготовки во Русија, биле во куќата. Во неделата утрото се случи инцидентот. Прво непознати лица паркирале пред нејзиниот дом, а подоцна со возилата почнале да удираат во капијата“, наведува изворот.

Цеца веднаш се разбудила и повикала полиција.

„Ударите биле толку силни што Цеца била убедена дека некој се обидува насилно да влезе во нејзиниот дом. Обезбедувањето веднаш реагирало, а возачите на автомобилите удриле уште неколкупати, па побегнале. Веднаш на местото на настанот пристигнала полицијата, направила записник, а пејачката ја предала снимката. Полицијата разговарала со неа, како и со членовите на нејзиното семејство и во моментов трага по сторителите“, вели изворот близок до истрагата.

 

 

Scroll to Top