Српската пејачка Теодора Џехверовиќ на Инстаграм објави неколку провокативни фотографии, облечена во костим за капење и игра баскет.
Неодамна српските медиуми пишуваа дека пејачката е цела вештачка и дека подлегнала на пластична хирургија, но и дека нејзиното ново момче е кошаркар.
Откако во медиумите се споменуваат неколку имиња на познати играчи, пејачката одлучила да објави провокативни фотографии на Инстаграм на таа тема.
„Она кога си глупаво дете и сакаш да го привлечеш вниманието на кошаркар. Би било јасно и без да се соблечеш”, „Си го помешала спортот, ова е кошарка те молам облечи маица и шорц“, се дел од коментарите.