Фолкерката Радиша Трајковиќ познат како Џани, е еден од најбараните пејачи во дијаспората, но и кај нас. Ги полни дискотеките и кафаните, каде и да се појави, па не чуди фактот што има куќа на која многумина можат да позавидат.
Луксузниот дом, со многу детали не остави никого рамнодушен. Воглавно преовладува мермер и дрво, а Џани и неговата сопруга Слаџана, се труделе да уфрлат и доста детали со кои би го оплемениле нивниот животен простор.
Освен што воделе сметка за да се чувствуваат пријатно во домот, не ги запоставиле ни нивниот домашен миленик, на кој му купиле кревет. И тоа ни повеќе ни помалку туку брачен.
Омилено место за собирање на Трајковиќ му е трпезаријата. А, особено води сметка да биде домаќинска кога прават слава. Тогаш трпезата е обемна, а гостите си заминуваат со полни стомаци.
Џани веќе неколку пати говорел дека е голем почитувач на верата, а во нивниот дом можат да се приметат бројни икони, а особено место во домот има и портретот на патријархатот Павле. Џани во својот дом го внел својот препознатлив стил во кои има доста и фирмирани детали.