Водителката Ана Михајловски го продаде својот инстаграм-профил за да му помогне на малиот Михаило (7) да си го поврати слухот. Таа го продала профилот за 3.000 евра, а парите биле искористени за болничките трошоци.
На седуммесечна возраст на Михаило му бил дијагностициран рак на бубрезите, а лекувањето бил долг и тежок процес. Тој ги издржал сите терапии и на крајот се излечил, но останале неколку последици, а како резултат на тоа го изгубил слухот.
Семејството пробало да собере пари за лекарските трошоци и јавно пишуваа за неговата состојба, со надеж дека за четири дена ќе се собере потребната сума пари за да можат да тргнат на лекување.
Кога слушнала за него, Ана објавила дека ќе го продаде својот профил, а парите ќе се искористат за негово лекување. На почетокот барала 6.000 евра, но на крајот му го продала на тој што дал најмногу пари. Средствата биле уплатени директно на сметката на Михаило.
„Го продадов за 3.000 евра, тоа е доволно семејството да ги покрие трошоците за патувањето и сместувањето. Парите за среќа се собрани. Едноставно е, на луѓето им беше потребна инстаграм-страница, а јас ја имам. Секојдневно добивам десетици вакви писма и секое од нив ме растажува, но и лути, а никогаш не можам да направам премногу, но ако имам нешто што може да помогне, а мене не ми е толку потребно, зошто да не. Инстаграм-профилите не може да бидат поважни од детскиот слух“, изјавила водителката за порталот „Нова“.