По смртта на Марина Туцаковиќ, почнаа и приказните дека на семејството му оставила тетратка со листа на должници од естрадата. На ова се огласи и нејзиниот син Милан (Лаќа) Радуловиќ.
Тој на „Твитер“ сподели низа објави на таа тема и рече дека во прашање се невистини.
„Редно време е да се огласам во ситните часови. Сè што читавте во медиумите овие денови, а е во врска со мојата мајка и со мене, не е вистина. Како што најчесто нè наведува човечкиот нагон, од смртта се браниме со банализација на една тетратка со долгови или, пак, со икебана. Естрадата не ме интересира“, напиша тој. Понатаму вели: „Јас ќе се борам против заборавот, она што на нашите простори е како казна“, додаде во наредниот твит. „Во превод, паметете ја по нејзините песни“, вели синот на Туцаковиќ.