Загина Жан Кофол, еден од најмладите пожарникари што доброволно гаснеа пожари во Македонија

Вчера, во сообраќајна несреќа загина пожарникарот Жан Кофол од Словенија. Несреќата се случила во близина на Нова Горица.

Кофол беше еден од најмладите доброволци што учевствуваа во гаснењето пожари во околината на Берово и Пехчево, источна Македонија.

Веста за трагичната смрт на доброволецот пожарникар ја соопшти „Дојче веле“ на социјалните мрежи.

Како што се наведува во нивната објава, Кофол загинал еден ден пред својот 20-ти роденден.

Кофол е роден на 30 септември 2001 година во Нова Горица. Се занимавал со нуркање, свирел на гитара и возел мотокрос. А своите доживувања често ги споделувал на социјалните мрежи.

 

 

 

Scroll to Top