Здравко Чолиќ открива како настанала „Април у Београду“: песната не е поврзана со моите војнички денови

„Април у Београду“, песната што ја отпеа Здравко Чолиќ во 1975 година, стана еден од најголемите хитови која особено е популарна секој април. Оваа песна, која пред речиси пет децении ја сними еден од најпопуларните пејачи од поранешна Југославија, ја напиша Корнелије Ковач.

Често се пишуваше дека текстот на песната е на Здравко Чолиќ и деновите поминати во војска и дека се работи за автобиографска нумера на пејачот. Сепак, пејачот во една прилика открил како настанал овој безвременски хит.

„Луѓето го поврзаа моето служење војска со оваа песна, што не е точно. Ова е авторското дело на Корнелије Ковач, кој служел војска во Белград. Јас заминав во војска четири години подоцна. Во видеото за песната се појавија многу млади луѓе во униформа. Јас песната целосно ја разбрав додека служев војска во Топчидер. Поминував низ песната како стотици илјади белградски војници, низ генерации. Ширината на таа автобиографска слика е многу универзална и пренослива. Затоа е сакана“, изјавил Здравко Чолиќ за „Блиц“.

Песната станала многу популарна во Југославија, но и сега, децении подоцна, е голем хит во целиот регион.

„Певливоста на таа песна останува сиве овие години. Се пееше и овде и во разни градови низ светот. Повеќе би се пеела да се викаше „Април е во мојот град“, но поради локализацијата останува во автентична смисла. Ниту јас, ниту Бата Ковач не сме од Белград, ниту сите што се нашле таму. Белград, неговите војници и нивните девојки ја споделуваат песната на посебен начин“, изјавил Чолиќ.

 

Scroll to Top