Познатиот актер Жарко Лаушевиќ е заразен со Ковид-19. Тој од 27 октомври е во ковид-болницата на Бежаниска коса во Белград, а се заразил четири дена претходно, додека му правеле операција на циста на забот.
Дека е заразен со коронавирус, потврди и Лаушевиќ за српските медиуми. Тој рекол дека се чувствува добро и дека состојбата му е стабилна, но лекарите му препорачале да се лекува во болница бидејќи има висок притисок.
За здравствената состојба на 60-годишниот актер последен пат се пишуваше лани во јуни, кога му се слоши среде ресторан во Земун. Екипа на брзата помош тогаш дојде во ресторанот за да му пружи помош, а потоа го одведоа во болница, каде што се лекуваше неколку дена.