Жељко Бебек ја прослави 20-годишнината од бракот со 34-години помладата сопруга Ружица. По тој повод ѝ посвети емотивна објава на Фејсбук.
„Среќна 20-годишнина, љубов. Ви благодариме на сите за прекрасните честитки и убави желби“, напиша Бебек со неколку фотографии од прославата, а најмногу внимание привлече фотографијата од свадбата.
За потсетување, парот се венчаше во 2002 година во Дубровник. Тие се запозна на еден од концертите на Бебек, кога Ружица му пришла и побарала заедничка фотографија.
Иако медиумите пишуваа дека Бебек имал бурна младост, сепак неговите пријатели знаеле да кажат дека тој никогаш не се дрогирал, тепал или пиел. Но зад себе има два пропаднати брака. Првиот со Споменка со која ја има и ќерката Силвија, а втората со Сандра која ја роди Бјанка. Меѓутоа, во 2002 година, се ожени со 34 години помладата Ружица, со кого ги доби синот Звонимир и ќерката Катарина.
„Ѕвонко е прекрасен. Љубител на музика, талентиран, амбициозен. Иако веќе свири во мојот бенд и ќе патува на сите мои идни концерти, сепак во иднина ќе си го бара својот пат. Кој знае во кој момент ќе се случи тоа“, изјави гордиот татко за Story.hr.