Легендарниот пејач Здравко Чолиќ, иако не е личност склон кон скандали, во гостување во српското шоу „Ексклузив“ самиот призна какви забелешки против него има неговата сопруга и за што најчесто му се лути. Александра го следи на секој чекор иако ретко се појавува во јавност.
„Жена ми е најчесто лута на мене што сум благ со моите ќерки. Таа не може да разбере дека сум толку мек кон нив и дека не можам да им кажам не, а таа е претежно строга и сака да има дисциплина“, рече Чолиќ во шоуто „Ексклузив“.
Здравко Чолиќ и Александра се во брак 18 години и ги имаат двете ќерки Уна и Лара. По тој повод, пејачот објасни и како неговите ќерки се справуваат со славата што ја има татко им.
„Уна е свесна за тоа кој е татко ѝ за разлика од Лара, која е помлада. Таа сфаќа дека татко ѝ не е некој што седи на каучот таму, само кога нејзините пријатели бараат билет за концертот“, објасни тој.
View this post on Instagram
Познатиот Чола порано за магазинот „Здраво“ изјави како го освоила неговата сопруга.
„Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше клучно. Се запознавме многу одамна во Макарска. Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, а потоа и да се забавуваме. Таа ме освои со својата едноставност и приврзаност, целосно ми се посвети со нејзината грижа и внимание“, изјави Чола за запознавањето со сопругата.
„Еден човек некако препознава личност со која сака да го сподели животот. Личност со која без збор да си кажете – се разбирате што мислите и што чувствувате. Доколку го нема тоа, може да биде и најубавата и најпаметна жена, а вие едвај да чекате да ја напуштите. Виша сила одредува зошто некои луѓе се заедно, а други не се“, додаде Здравко за долгогодишниот брак со Александра.