Во екот на промоцијата на новиот албум, легендарниот српски пејач, проговори за својот однос со сопругата Александра и го опишал начинот на воспитување на ќерките Уна Ѕвездана и Лара.
Најпопуларниот поп изведувач во поранешна Југославија, Здравко Чолиќ (62) по петгодишната дискографска пауза, објави нов студиски албум, „Она малку среќа“, кој веднаш ги освои срцата на публиката и заврши на врвот на топ листите. Здравко одржаи успешен новогодишен концерт во своето родно Сараево, но имал време и за краток одмор во друштво на неговата сопруга Александра и ќерките Уна Ѕвездана (16) и Лара (11). Во разговор за „Glossy“, пејачот говорел за понатамошните деловни планови и открива дали е строг татко.
„Glossy“: Какви се реакциите од новото CD?
„Рано е за оценки. Новиот албум е подобар од неколку мои претходни. Публиката на крајот е единствената која ќе го даде судот. Излеговме со две песни, а пред крајот на минатата година и со песната „Слива“, која е брза и со многу ритам. Но, на албумот доминираат баладите, а веројатно луѓето сакаат кога јас ќе го пуштам гласот. Можам да кажам дека е направена за сите генерации.
„Glossy“: Дали денеска е тешко да се купи добра песна?
„Најлесно е да се купи некоја песна зад која не стоиш ти, а како автор добиваш можност да се изразиш. Ако имаш нешто што ти се допаѓа, тоа е најдобро. Никогаш не би ставил некоја своја работа на албум ако некоја друга ја сметам за подобра. Тешко е денес да добиеш добра песна, затоа што изведувачите си ги чуваат за себе. Зошто би ми ја дал на мене за малку пари, кога тој може да направи добра работа. Мене песните ми ги бира продуцентот Никша Братош, така што јас на неговата адреса слушам тоа што некој други ќе ми го напишат.
„Glossy“: Одбивте многу песни кои подоцна станале големи хитови. Зошто?
„Некогаш човек е ограничен со просторот. Мојот пријател и рок критичар Пеце Поповиќ, има сјајна идеја да снимам албум со песните кои ми се понудени, а не сум ги снимил. Во кариерата е нормално таквите работи да се случуваат. За воља на вистината, некои песни подобро излегуваат кога се отпеани од страна на други изведувачи.
„Glossy“: Знаете ли каде се сите жени од вашите песни – Кристина, Ивана, Рушка…?
„Во ниту една песна не станува збор за реална жена, освен Кристина, која Корнелија Ковач ја посвети на својата ќерка. Песната „Рушка“, настана на многу интересен начин. Мелодија беше на чинели, а Марина Туцаковиќ е таа која ми го подари текстот. Многу жени и мажи можат да се пронајдат во неа.
„Glossy“: Кои жени ви го направија животот подобар?
„На прво место мојата сопруга Александра. Имам сретнато доста вистински жени во животот, кои со своето однесување влијаеле на мене. Жената е најдобар пријател на човекот, ако не му е љубовница. Во тој случај меѓу нив има премногу помешани чувства. Прашање е како човек може да одвои, некоја да му биде другарка, а не љубовница.
„Glossy“: Дали на вас жените ви се подобри пријатели од мажите?
„Да. Мислам дека дури и жените на самите жени им се подобри пријатели. Мажот секогаш има нешто двосмислено во главата.
„Glossy“: Каков однос имате со своите наследници? Дали ги имате размазено?
„Да. Жена ми се обидува тоа да го спушти во некакви нормални рамки, а јас единствено можам само да ја поддржам во тоа.