Малкумина има од оние што може да го препознаат турскиот актер Селим Бајрактар во приватниот живот. Повеќето од неговите обожаватели го знаат како Зумбул-ага од прочуената турска серија „Сулејман Величествениот“.
Заситен од славата што го следи од завршувањето на прочуената историска мелодрама, турскиот актер, како што и самиот вели, едвај дочекал таа да спласне.