Македонскиот поп-пејач и кантавтор Владо Јаневски на 1 јуни ќе одржи солистички концерт на стадионот на АРМ. Организатор е „Авалон продукција“ со која тој по 10 години тој ја обнови соработката.
Концертот е по повод 25 години од соло-кариерата на Владо Јаневски, која почна со песната „Црно тиквешко“, а потоа следеа многу хитови.
Се очекува на концертот да присуствуваат околу 10.000 фанови на Владо Јаневски од цела Македонија, а билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн на веб-страницата на ККЗС.