Детскиот фестивал „Поточиња“ го одбележува 15 јубилеј. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 24 и 25 март во Македонска опера и балет. Организаторот „Пап продукција“ најавува специјално роденденско издание исполнето со интересни нови песни, прекрасни приказни, изненадувања и специјална роденденска програма.
Домаќин на дечињата ќе биде маскотата „Поки” која ќе ја води публиката низ ова јубилејно издание.
Организаторите најавуваат шест претстави во двата фестивалски дена, со почеток од 11, 13 и 19 часот. Билетите за „Поточиња“ ќе чинат 200 денари и веќе се пуштени во продажба.