„Пиво фест“ во Прилеп во јули

Од 12 до 15 јули во Прилеп по 16. пат ќе се одржи најпосетуваниот фестивал на пивото кај нас, „Пиво фест“ во Прилеп. Организатор на фестивалот и оваа година е Општината Прилеп, од каде што најавија дека наскоро ќе ги откријат имињата на учесниците што ќе настапат оваа година.

Изминатите години на „Пивофест“ во Прилеп концерти имаа Ина, Здравко Чолиќ, Северина, Александра Радовиќ, Харис Џиновиќ, Цеца, Јелена Розга, Тони Цетински, Емина Јаховиќ, Лепа Брена и многу други. На штандовите поставени во центарот на градот пиво нудат големи производители и увозници на пиво, ама и мали приватни пивници.

Како и во изминатите години, организаторите очекуваат фестивалот да го посетат над 400.000 луѓе во текот на четирите фестивалски денови.

Scroll to Top