Роџер Санчез на „Скопје колинг“

Светската диџеј-ѕвезда Роџер Санчез на 2 јуни ќе настапи на „Скопје колинг“. Истата вечер пред македонската публика свој сет ќе има и еден од најголемите диџеи на денешницата, Ален Вокер. Санчез ќе има  диџеј-сет од 2 до 4 часот наутро.

Организаторите на „Скопје колинг“, Авалон продукција, велат дека ова ќе биде спој на младост, актуелност и атрактивност во комбинација со искуство и квалитетот.

Цената на билетите за вечерта останува иста, партер 1000 денари, а фан пит 1500 денари.

Scroll to Top