Се реконструираат живеалишта во скопската Зоолошка

Со реконструкција на живеалиштето на жирафите, денеска почна проектот за реновирање и реконструкција на живеалиштата во Зоолошката градина Скопје. Реновирањето е донација од градежната фирма „АД Карпош“ и тие ќе ја завршат реконструкцијата пред зимскиот период.

„Ќе се реконструира живеалиште по живеалиште секаде каде што има потреба. Реновирањето на живеалиштата на животните е една од главните точки на проектот ‘Европска Зоолошка’,“ вели директорот на скопската Зоолошка, Ѓорѓи Галетановски.

Scroll to Top