200 Македонки ќе станат невести годинава

Вчеравечер во Мериот хотел се одржа шестиот The Bridal Fashion Night каде околу 200 идни невести одбираа совршена венчаница.

Модната вечер за невести беше во организација на Моден викенд Скопје. Ревијалниот дел го отвори MCouture by Mila Kadriu со колекцијата Spring Bridal 2018.

Мила Кадриу

„Во новата колекција е дефинирана женственоста преку самиот крој, со храбри и естравагантни елементи, во комбинација со транспарентни делови и богато рачно везени детали. Елеганцијата е претставена во најделкатна форма, гламурот е суптилен и романтичен, а раскошот изобилува“, вели Кадриу за новата колекција.

Зиане

Студио „Зиане“ со три нови креации ја најави колекцијата за пролет-лето 2018. Потоа пред невестите се претстави модната куќа „Менакон“ од Косово, со 20 нови модели под името Storm.

Ал Апарел

Колекцијата на Наташа Карчева од ателјето „Ал Апарел“ наречена Endless love е инспирирана од љубовта, убавината, музиката и карактерот на жената.

„Како и секогаш во моите колекции повторно се одбегнува стереотипот на класични венчаници, а се става акцент
на нежни, лесни, проѕирни, малку провокативни кои суптилно го отсликуваат женското тело“, вели Карчева.

Сигма

Брендот за уникатен италијански накит Sigma Jewelry ги претстави новите трендови за претстојната сезона. За прв пат македонската публика ги виде и моделите на ателјето „Зана“ од Косово со колекција за пролет/лето 2018 година, наречена Something more. Колекцијата е составена од 10 венчални фустани.

Зана

Јагода Пачемска од арт-студиото за цвеќе „Фа-Бу“ на овогодинешниот настан претстави нова уникатна креација, фустан изработен исклучиво од свежо цвеќе.

Фа-Бу

Вечерта ја затвори Elizabet design studio со најновата колекција Equilibrium. Во една од нејзините креации се прошета македонската кошаркарка Едина Муса.

Едина Муса за Елизабет дизајн студио

 

Scroll to Top