Аериканската пејачка со светско реноме, Акуа Нару ќе настапи во Скопје. Нејзиниот концерт е на 6-ти мај во МКЦ . Македонската публика ќе има прилика , за прв пат да ја чуе во живо една од водечките женски хип-хоп вокали. Настапот е во рамките на фестивалот “Таксират” годинава го одбележува своето јубилејно 20-то издание, а прославата за 20 години алтернатива во Македонија стигнува и во рамки на престојното издание на фестивалот за феминистичка култура и акција “Прво па женско” кој ќе се одржува во МКЦ од 3-ти до 6-ти мај.
Музика Акуа Нару претставува комбинација на хип хоп, џез и соул. Себе си се опишува како политичка хип-хоп уметница и активистка. Акуа Нару зад себе има три албуми: “The journey aflame”, “Live and aflame sessions”, “The miner’s canary”, како и ширум светот познатите хитови: “Poetry: How does it feel?” и “The world is listening”.