Андреј Папаз најуспешен моден дизајнер за 2017 година

Модниот дизајнер и костимограф Андреј Папаз е прогласен за најуспешен дизајнер на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“. Настанот се одржа по 19. пат, а беше во организација на „Битолски весник“.

„Навистина ми е чест што во мојот роден град вторпат ме прогласуваат за најуспешен моден дизајнер. Оваа награда ја посветувам на љубителите на модата и на семејството кое ми дава комплетна поддршка. Верувам дека 2018 година имам големи предизвици пред себе и со гордост најавувам нови проекти и креации,“ вели Папаз.

Папаз е препознатлив по раскошните креации и гламурозните фустани. Досега овој млад дизајнер има реализирано две модни ревии на Моден Викенд Скопје, но креирал и голем број костими за претстави во македонските театри, а работел и на костимографии за телевизиски серии.

Scroll to Top