„Бакнати од сонцето“, претстава посветена на лицата со попреченост

На 3 декември во „Мала станица“ со почеток во 19 часот ќе се одигра претставата „Бакнати од сонцето“. Оваа претстава ќе се одигра на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Таа е авторско дело на членовите на „Театар Пи“, Златко Митрески и Македонка Илиевска и на актерите – лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ од Скопје.

Во перформансот, учесниците преку игра, танц и иновативно користење на проектирани видеоклипови, ги презентираат своите светогледи, говорат за нивните потреби, но и искажуваат една универзална љубов кон актерската игра, потребата за себеизразување и потребата да бидат разбрани и прифатени од општеството.

Влезот за претставата е бесплатен.

Scroll to Top