Од 12 до 17 јуни на плоштадот Македониј“ ќе се одржи 13. издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“. Преку 30 улични артисти од разни делови на светот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.
Оваа година,на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни, но и уште многу забавни содржини за сите посетители. Фестивалот е поддржан од град Скопје.