Откако првиот македонски независен филм „Јавачи на коњи“ го заврши своето фестивалско патување во Европа, ќе биде прикажан и пред македонската публика. Проекцијата на филмот ќе се одржи утревечер (27 октомври) во „Бајпас-кафе“, а влезот е слободен.
Филмот е на Марјан Гавриловски, а улогите ги толкуваат Никола Кузев, Бобан Кулески, Долорес Поповиќ, Владимир Јаревски и Кристијан Стојановски.