Од 6 до 8 септември ќе се одржи јубилејниот, 25. Интернационален музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“. На фестивалот ќе учествуваат преку 70 пејачи.
Покрај македонските фолк и поп-музичари Благица Павловска, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, „Молика“, Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Ѓоко Ѓорчев и други, ќе настапат и познати пејачи од балканските земји: Карлос (Бугарија), Жак Худек и Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БиХ), групата „Балканика“ и Мерима Његомир (Србија).
Организаторите велат дека јубилејното издание на фестивалот годинава освен во Македонија, ќе се пренесува на телевизии во Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Русија и на австралиската сателитска телевизија INTV.