Фолк пејачот Бобан Цаневски, во соработка со „Арт продукција“ деновиве сними спот за баладата „Љубов забранета“.
„Спотот се снимаше во еден скопски клуб со повеќемина мои колеги и соработници, на кои сум им премногу благодарен. Промоцијата се очекува наскоро и се надевам видеото ќе им се допадне на љубителите на убавата македонска песна“, вели Бобан.
„Љубов забранета“ е авторско дело на Цуле, кој го напиша текстот и ја направи музиката. Бобан, пак, пред една сезона имаше успешно преставување на сцената на Гранд продукција, како дел од шоуто „Ѕвездите на Гранд“.